Насловна / Вести / Како климатските промени „збришале“ цела цивилизација

Како климатските промени „збришале“ цела цивилизација

Isceznata civilizacija pueblo muzej

Старата „Pueblo“ цивилизација многу одамна ја колонизирала Америка, а причините за нејзиното постепено исчезнување од ова тло биле непознати долга низа години. Досега, научниците откриле 4 фази од кои секоја имала различен развој и влијание.

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон откриле дека климатските промени се една од причините за исчезнувањето на оваа цивилизација.

Ова се четирите фази кои постоеле во т.н „Pueblo“ цивилизација, односно во комуните на северноамериканските индијанци:

Isceznata civilizacija vo SAD

– Pueblo I, период кој завршил со благи суши. Се карактеризира со чување на пченка во подземни складишта, што укажува на премин од неограничено користење и одгледување на храна, до рестриктивен систем токму поради сушите.

– Pueblo II (1035 – 1145), период на изградба на големи и мали куќарки односно живеалишта, што укажува на постоење на социјална хиерархија.

–  Pueblо III (околу 1250) е период во кој постоел ограничен пристап во свечените и граѓанските простории, што укажувало на екстремна нееднаквост во општеството. Овој период се завршил со дотогаш најтешката суша. Инаку, сите три периоди завршиле со високо ниво на насилство.

Isceznata civilizacija
За време на Pueblо IV (1285 – 1400) направени се поголеми комуни и првите т.н. населби. Но, и овој период претрпел сериозни влијанија врз основа на кои дошло до големи миграции.

Генерално, научниците наведуваат дека промените на условите за живот во голема мера предизвикани од климатските промени, предизвикале миграции и исчезнување на некои од најстарите цивилизации во Америка.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top