Ла Самбуи, град кој е позната скијачка дестинација во близина на Мон Блан, на француските Алпи, одлучил да ги демонтира своите жичарници бидејќи глобалното затоплување ја скратило сезоната за скијање на само неколку недели, што значи дека веќе не е исплатливо да се одржува таков центар.
„Претходно сме имале снег практично од 1-ви декември до 30-ти март. Минатата зима, имевме снег само четири недели, но дури и тогаш тој не беше доволен за целосно прекривање на патеките“, рекол Жак Далекс, градоначалник на Ла Самбуи. Доколку скијалиште биде отворено во текот на пет недели во јануари и февруари, загубите би биле околу половина милион евра, објаснил Далекс. Ла Самбуи не е голем ски-центар. Има само три ски-лифта и патеки кои достигнуваат до максимални 1.850 метри. Но, благодарени на разновидноста на патеките, било омилена дестинација и на почетници и на искусни скијачи, а било и многу популарно за семејно зимување. Ова лето, градскиот совет на Ла Самбуи, донело одлука да го затвори одмаралиштето кое го управува од 2016 година. Иако скијачката инфраструктура би требало да буде отстранета што е можно поскоро, постои надеж дека градот ќе може да привлече посетители. Градоначалникот Далекс истакнал дека одморалиштето ќе се трансформира во место за „откривање и заштита на природата, прошетки, и рекреирање во зависност од временските прилики“.
Жак Далекс истакнува дека сите „зимски спортски одморалишта во Франција се погодени од климатските промени“, сосбено оние на средна надморска височина, т.е помеу 1.000 и 1.500 метри.