Насловна / Вести / Климатските промени наскоро задолжителен предмет во училиштата во Велика Британија

Климатските промени наскоро задолжителен предмет во училиштата во Велика Британија

Влијанието на глобалното затоплување се забележува речиси низ целиот свет. Веќе со години се прават напори и се покренуваат акции за да дојде до неопходните промени, бидејќи последиците ги чувствуваме сите. Најмладите во училиштата учат за дефиницијата на климатските промени и за заштитата на животната средина, но речиси ништо повеќе од тоа. За жал, информациите за оваа многу битна тема најчесто ги добиваат преку социјалните мрежи и вознемирувачките вести. Некои од нив се заинтересирани за оваа тема, додека за некои од нив таа е целосно небитна.

dfe1

dfe2

 

Со цел најмладите да научат се што е досега познато за климатските промени, Британската управа за образование (DfE) осмислила програма по која ќе се учи на оваа тема. Притоа, учениците не само што ќе учат за последиците од климатските промени, туку ќе учат и како да се прилагодат, што е еден од најголемите предизвици со кои денес се соочува човештвото. Новот наставен план ќе им овозможи да развијат вештини кои ќе им помогнат во иднина да се занимаваат со работи во областа на заштита ан животната средина и природата.

dfe3

 

Испрати коментар

Scroll To Top