Насловна / Вести / Климатските промени ќе ја продолжат туристичката сезона и ќе прошират понудата со нови дестинации

Климатските промени ќе ја продолжат туристичката сезона и ќе прошират понудата со нови дестинации

Климатските промени влијаат врз сите аспекти на животот. Последиците со кои се соочуваме, како топлотните бранови и пожари, ќе влијаат уште повеќе на времето и локациите кои ќе ги бираме за одмор, а со самото тоа и врз индустријата на туризмот. Се очекува се повеќе луѓе поради климатските промени ќе бираат пролет и есен за своите патувања, акко и дестинации со умерени температури. Климатските промени веројатно ќе ги мотивираат луѓето да патуваат во Грција на пример во ноември, што ќе донесе корист на туризмот, велат од германската туристичка компанија TUI.

globe of planet earth in green grass Copyright: xx 5842930

Овој компанија соопштува дека јулските пожари на Родос ја чинеле 25 милиони евра, и дека 8.000 нивни клиенти биле евакуирани. Биле исплатени надоместоци за откажаните аранжмани, вонредни летови за враќање и обезбедување на потребната помош. Но, од друга страна, овие настани не влијаеле многу на побарувачката на туристички ангажмани. По претпрената загуба, TUI размислува да ја прошири понудата на дестинации. Земјите со поумерени температури, како нордиските, односно крајбрежјето на Белгија и Полска би можеле да станат попопуларни. Климатските промени исто така би можеле да им користат на туроператорите бидејќи ја продолжуваат сезоната. Сепак, стручњаците заклучуваат дека медитеранскиот регион и натаму останува една од најпривлечните дестинации, а компаниите размислуваат да воведат нов вид на осигурување за туристите кои се најранливи на климатските промени.

tui2

 

Испрати коментар

Scroll To Top