Насловна / Екологија / Климатските промени ја поскапуваат храната

Климатските промени ја поскапуваат храната

schiffman-parched-lake
Светскиот совет за клима на ОН во својот последен извештај констатира дека глобалното затоплување веќе има сериозни последици врз здравјето на луѓето и животната средина. На извештајот работеле над 400 научници и 1.700 експерти, а предвид се земени сознанија од 12.000 стручни текстови. Глобалното  затоплување на климата ќе има уште подрастично влијание доколку човекот не почне со многу посериозен пристап да го третира овој проблем, се вели во резимето.

Светскиот совет за клима првпат укажува на поврзаност на глобалното загревање со производството на храна. Порастот на приносите од житариците е намален и сега изнесува околу еден процент годишно, а светското население расте многу побрзо. Првиот човек на Советот за климата Пашаури проценува дека во иднина ќе има многу повеќе „бегалци од последиците од климатските промени“.

До зголемување на цените на храната ќе доведе и зголемувањето на бројот на екстремни временски непогоди. Од тоа се погодени пред сè брзорастечките економии, но последиците од кризата со храна ќе ги почувствуваат сите економии без исклучок.

Испрати коментар

Scroll To Top