Научниците на ООН на европратениците им претставија нови докази за влијанието на климатските промени врз производството на храна и океаните.
Два извештаи на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) ја објаснуваат врската меѓу климатските промени и земјоделството, како и влијанието на климатските промени врз океаните и ледените плочи. Извештаите се доставени до Комисијата за животна средина, развој и риболов на 6 ноември.
“Климатските промени го влошуваат квалитетот на земјиштето, што има штетно влијание врз инфраструктурата и животот на луѓето“, објаснува професорот Џим Скеа. “Подобро зачувување на почвата помага во борбата против климатските промени, но можеби не е единствената активност што се презема“, додава тој.
“Системот за храна е одговорен за меѓу една петтина и една третина од човечките емисии на стакленички гасови и заради климатските промени, намалени се пченичните култури и пченката“, вели д-р Жан-Франсоа Соусана, предупредувајќи дека снабдувањето со храна дополнително ќе се намали заради почестите и најтешките екстремни временски услови.
Нивото на морето се забрзува, најмногу заради побрзото топење на Гренланд и Антарктикот, велат научниците.
Ако ситуацијата не се промени, нивото на морето ќе се искачи на околу пет метри до 2030 година, предупредува професорот Ханс-Ото Портнер. Покрај тоа, во потоплите океани има помалку кислород и хранливи материи за морскиот свет, со што се загрозуваат заедниците зависни од морска храна.
“За да се намали влијанието на климатските промени, секое затоплување е важно, секоја година е важна, секој избор е важен, а и политичката и социјалната волја е важна“, рече Портнер.
Меѓувладината комисија за климатски промени (ИПЦЦ) е тело на ООН одговорно за проценка на научното знаење поврзано со климатските промени. Во август 2019 година, ИПЦЦ претстави извештај за климатските промени и земјиштето, а во септември „Специјален извештај за океаните и криосферата во промена на климата“. Овие извештаи ги содржат најновите научни откритија што служат како подготовка на Конференцијата за климатски промени на ООН (ЦОП25) во Мадрид овој декември.