Насловна / Вести / Климатските цели на најголемите светски компании – многу ветувања, малку резултати

Климатските цели на најголемите светски компании – многу ветувања, малку резултати

Истражувањето за корпоративната климатска одговорност (Corporate Climate Responsibility Monitor), спроведено од страна на NewClimate Institute во соработка со  Carbon Market Watchom, опфатило 25 компании кои се меѓу најголемите во светот и работат во различни сектори и географски подрачја, со цел да се утврди транспарентноста и интегритетот на нивните климатски ветувања.  Во агендите на големите светски компании се истакнуваат намерите за сведување на „нула“ на нето јаглеродните емисии, но по резултатите на најновата анализа на корпоративната климатска одговорност, најголемите меѓу нив во просек одат кон намалување од одвај 40%, односно далеку под ветувањата и целите за стопроцентно намалување. Најголемиот дел од нив не минале на климатскиот тест за емисии на јаглерод, се вели во заклучоците од истражувањето.

CCRM1

Ветувањето на само една компанија за спуштање на нето емисиите на „нула“, добило оценка за „основана веродостојност“ кога се анализирани планираните мерки. Тврдењата на три компании се „умерено добри“, десет „слаби“, а останатите 12 „многу слаби“. Авторите ан истражувањето истакнуваат дека мнозинството компании не успева да ги постави и да ги следи амбициозните цели кога станува збор за напорите кон јаглеродна неутралност. Според спроведената анализа, многу тврдења се поткопани со спорните планови за намалување на емисиите на други места, сокривање на клучните информации и „сметководствени трикови“.

Hands,Painting,Blue,And,Green,Pollution,From,A,Chimney

Резултатите од анализата покажуваат дека главните ветувања на компаниите Amazon, Deutsche Telekom, Enel, GlaxoSmithKline, Google, Hitachi, IKEA, Vale, Volksvagen и Walmart, за исполнувањето ан клиамтските цели се „слаби“, додека Accenture, BMW Group, Carrefour, CVS Health, Deutsche Post DHL, E.ON SE, JBS, Nestlé, Novartis, Saint-Gobain и Unilever, добиле оценка „многу слаби“ во оснос на веродостојност. Ветувањата на само 3 од 25 компании би резултирале со намалување на емисиите до 90% низ целиот ланец, а тоа се Maersk, Vodafone и Deutsche Telekom.

CCRM3

Испрати коментар

Scroll To Top