Насловна / Вести / Климатски промени: Се топи пермафростот во Русија и „голта“ куќи и улици

Климатски промени: Се топи пермафростот во Русија и „голта“ куќи и улици

Животот во одделни делови од Русија станува опасен поради климатските промени, каде буквално на луѓето „им исчезнува“ тлото под нозете. Тоа се случува поради порастот на температурите и топењето на трајно замарзнатото тло кое попушта под товарот на горните слоеви. Најочигледните последици на оваа појава се дупките на патиштата и клизиштата. Загрозени се и многу станбени згради. Стручњаците од градот Норилск на Леденото море, сакаат овој град да го направат безбеден. Во Норилск некои куќи стојат на столбови длабоко всадени во тлото (10 – 30 метри). Со копање на длабоки столбови се спречува рушење на зградите по топењето на тлото и омекнувањето на земјиштето. Тлото овде никогаш не мирува. Ако затоплувањето продолжи и понатаму, ниту длабоките столбови нема да помогнат. Кога тлото ќе се стопи во длабочина за 3-5 метри, комплетниот терен се спушта за еден метар.

permafrost1

permafrost2

permafrost3

Оваа појава претставува голем проблем за земјата која по површина е најголема во светот, но речиси две третини е прекриена со пермафрост, односно трајно замрзнато тло. Глобалното затоплување не е така видливо на ниту едно друго место во светот, како што е тоа во овие региони. Дополнително, појавата на топење на пермафростот доведува до ослободување на огромна количина гасови, како што се метан и јаглерод диоксид. Во рекордно топлото лето во 2020 година, во два предели на северот од Сибир, ослободени се огромни количини на метан. Но, додека проблемот на ослободување на штетни гасови е видлив највеќе за научниците, локалното население се соочува со еден директен проблем – рушење на сопствените куќи. Околу 240 куќи во Норилск треба делумно или целосно да се реконструираат. На секоја трета градба се видливи деформации.

permafrost4

Ширум светот, на пермафрост се изградени околу 1000 населби и градови со околу 5 милини жители. Според проценката на научниците, за 30 години, 42% од овие населби ќе бидат погодени поради топењето на пермафростот. Само во Русија би била уништена околу 20% од инфраструктурата во тие подрачја.

permafrost5

Еден коментар

  1. Велимир Цвејиќ

    Во Космос ништо не се губи, само преминува од една во друга состојба. материја во енергија, енергија во материја. Едниствено човековиот ум напредува. Но, бидејки емоциите го покренуваат умот, а духовноста е ниска токму кај најамбициозните, а тоа е егото, што е гавол во човекот, за поседување на материјалното, таквите се најголемото зло на човештвото, а токму тие владеаат со светот. Похлепата е пасијатриска категорија на болеста.
    Таквите не дозволиле на Никола Тесла, кој бил Човек-Бог, да се изгрдадат само пет кули на цела земнината топка за да електричната енергија биде достапна за сите и да биде бесплатна. Кога Сотононите слушнатле дека тие нема ништо спечалаат, не само што не сакале да се иградат таквите кули, туку ја уништиле голема лабораторијата на Тесла. Кога Никола ги конел штетниците, притоа спомнувајќи Бога Исуса, неговиот пријател Марак Твен му се обратил. „Чуј Никола, да е Исус сега тука, едно е сигурно, тој не би бил рисјанин.„ Се тоа пишуав во мојата книга „Јеванѓеље по истини„ со која давам одговор зашто инвалидие на духот и човештината владеаат со светот.

Испрати коментар

Scroll To Top