Климатските промени се немилосрдни. За жал, голем број крајбрежни градови се под сериозна опасност од потопување поради порастот на нивото на морињата. Некои градови градат ѕидови за да се заштитат, а некои бараат други решенија. Независната организација Climate Central, која работи во областа на климатските промени и нивното влијание, создала интерактивна мапа наречена Coastal Risk Screening Tool, која ги покажува областите под ризик од потопување. Според истражувањето објавено во The Swiftest, над 226 милиони луѓе во 36 градови се очекува да бидат сериозно засегнати од порастот на нивото на морињата. Исто така, авторите на истражувањето визуелно демонстрираат дека 36 градови се под ризик да бидат поплавени дококу нивото на морињата порасне за 1,5 метри. Во едно вакво сценарио, многу светски градови се чини дека ќе бидат во опасност вклучувајќи ги Амстердам, Њујорк, Бангкок, Венеција, Мајами и др. Уште позагрижувачко е што некои од најзначајните одбележја на овие градови ќе бидат во опасност. Во продолжение, некои од нив: – Базиликата Св. Марко во Венеција веќе има страдано во неколку поплави во последните години. Самата топографија на местото носи огромна ранливост во однос нa покачувањето на нивото на морињата. Градот е само 1 метар над водната линија, а до крајот на веков се очекува пораст ан нивото на морињата од 1,2 метри. – Мајами во САД, е еден од градовите кој исто така не е многу повисоко од водната линија. Особено ова се однесува за Мајами Бич, популарната туристичка дестинација. Досега се преземени некои мерки – пумпи, подигање на патиштата, и сл. Државата Флорида инвестира 4 милијарди долари за превенција на штети, но повеќе од јасно е дека станува збор за драматична трка со времето. – Фрекфенцијата на поплави во Њујорк, сериозно е зголемена во минатата година. Како метод на превенција градот го имплементира т.н East Side Coastal Resiliency Project, со цел да ги заштити своите жители од екстремните временски прилики во иднина. За жал, „Статуата на слободата“ е во сериозна опасност од оштетувања поради прогнозираниот пораст на нивото на морињата. Од друга страна Џакарта презема сериозни мерки дури и за комплетна дислокација, но неретки се и други слични примери. Како и да е, извесно е дека во борбата со последиците од климатските промени потребна е извонредност и во технологијата и во инженерството.