Организацијата за заштита на животната средина Germanwatch, по деветти пат ја објави ранг листата на земји според Индексот на ризик од екстремните климатски услови. Истражувањето во актуелниов момент особено добива на значење поради тајфунот на Филипините и климатската конференција на ОН во Варшава која започна со работа во понеделникот. Според прворангираните десет земји на оваа листа и актуелната состојба во светот со емисиите на стакленички гасови, заклучокот е неспорен: Сиромашните земји се најпогодени од последиците од климатските промени, нo богатите се најодговорни за глобалното затоплување. На првите три места се наоѓаат: Хондурас, Бурма и Хаити.
Извор: Spiegel