Насловна / Вести / Климатската конференција на Обединетите Нации се сели во Мадрид

Климатската конференција на Обединетите Нации се сели во Мадрид

Откако чилеанскиот претседател Себастијан Пињера, поради масовните протести во неговата земја, го откажа одржувањето на Климатската конференција на Обединетите Нации (ОН) во Сантјаго, на помош излезе Шпанија, понудувајќи го Мадрид за град домаќин на претстојниот декемвриски самит за климатските промени. Понудата е прифатена, односно Рамковната конвенција на ОН за климатските промени, потврди дека настанот ќе се одржи во Мадрид.

Сепак, се очекува дека причината за преместувањето на конференцијата преку Атлантикот, ќе ги задвижи преговорите во склоп на настанот во неочекуван правец. Џенифер Толман, политички советник за климатска дипломатија, која промовира премин кон нискојаглеродна економија, смета дека протестантите од Чиле ги потсетиле делегатите дека мора да ја земат во предвид и социјалната еднаквост. „Климатската политика треба да биде социјалнаВо спротивно, климатската криза дополнително ќе ги разгори немирите во општеството,“ изјавила Толман.

cop25

cop252

cop251

 

Испрати коментар

Scroll To Top