Насловна / Вести / Климатизација базирана на јони, носи заштеда и заштита на животната средина

Климатизација базирана на јони, носи заштеда и заштита на животната средина

Научниците од Lawrence Berkeley National Laboratory, развиле нова техника која овозможува ладење и греење со премин на материјалите од една во друга агрегантна состојба, оточно премин од цврста во течна состојба и обратно. На овој начин се постигнува значителен пренос на топлинска енергија како резултат на фазната трансформација.

berekley2

Денешните системи за климатизација, исто така ја користат фазната трансформација на ладилниот медиум, односно преминот од течна во гасна состојба и обратно. Во намерата да обзебдеат што е можно повисока ефикасност и заштита на животната средина, научниците постојано се во потрага по соодветни алтеративни концепти. Истражувачите од Lawrence Berkeley National Laboratory ги користат јоните како средство кое ќе ја овозможи фазната трансформација. Материјалот се состои од соли на јод и натриум, а содржи и органски растворувач етилен карбонат. Под дејство на електрична енергија, на цврстиот материјал му се додаваат јони и материјалот се топи, апсорбирајќи ја топлината од своето опкружување. Во спротивно, јоните се повлекуваат од материјалот и тој кристализира, ослободувајќи ја претходно акумулираната топлина. Процесот е наречен „јонокалорично“ ладење и во текот на тестирањата се покажал како прилично ефикасен. Имено, материјалот остварил температурна разлика од 25°C под само 0,22 V. Научниците се задоволни од првичните резултати и веруваат дека оваа техника е добра во поглед на ефикасноста, еколошката прифатливост и цената. Се разбира, потребно е уште многу да се работи до евентуална комерцијализација на овој концепт. Истражувањето е објавено во научниот часопис Science.

berekley1

Испрати коментар

Scroll To Top