Насловна / Вести / Климата ги бира дестинациите за одмор – белгискиот брег би можел да биде француска ривиера

Климата ги бира дестинациите за одмор – белгискиот брег би можел да биде француска ривиера

Климатските промени носат промени и на туристичките карти на Европа. Северот на континентот станува сè попопуларен како дестинација за разладување, особено на брегот на Северното Море во Белгија.

Додека делови од јужна Европа се погодени од топлотни бранови, некои туристи во одморалиштa на брегот на фламанското Северно Море претпочитаат да уживаат во јулските температури од 25 степени Целзиусови.

Bredene

„Кога размислуваме за климатските промени и многуте климатски настани во Грција, понекогаш помислуваме дека не мора секогаш да одиме далеку за да имаме одличен одмор“, вели турист од Белгија.

Oostduinkerke

Доколку не се запре трендот на глобално зголемување на температурата, врелата климатска зона се повеќе ќе се шири од југ кон север, со што Северното море ќе стане рај за туристите на кои им е потребна свежина. Белгискиот брег би можел да биде утрешната француска ривиера како резултат на климатските промени.

Blankenberge

„На крајот на векот, Лиеж би можел да ја има климата на Тулуз, би била тоа пријатна медитеранска клима. Но, на морската вода во Ламанш ќе и треба многу подолго да се загрее, така што нема да имаме вода како во Медитеранот со 27 или 28 степени“, вели Ксавиер Фетуис, климатолог од Универзитетот во Лиеж.

Blankenberge

Сепак, подалеку на север, Белгија има значително помалку сонце од Медитеранот, што може да ги намали нејзините туристички амбиции. Друг предизвик е ерозијата на крајбрежјето и подигнувањето на нивото на морето, што значително би го оштетило пејзажот на брегот. А ги нема и боите и мирисите на Медитеранот.

Испрати коментар

Scroll To Top