Насловна / Архитектура / Клејтон центар – најголем јавен објект во Северна Америка со пасивен стандард

Клејтон центар – најголем јавен објект во Северна Америка со пасивен стандард

Новиот објект Клејтон ќе биде иновативен центар на заедницата што ја поттикнува програмската интеграција, архитектонскиот дизајн и одржливоста во Сари, (Surrey) – еден од најбрзорастечките градови во Британска Колумбија, Канада. Проектот се заснова на социјалното ткиво на Сари за да се задоволат потребите на една млада заедница, да бидат добредојдени младите од двете соседни средни училишта и да се обезбедат места за јавни собири кои ги поттикнуваат врските во различните културни заедници кои живеат во околината.

Fasada 1_resize

Завршен во февруари 2021 година, двокатниот центар на заедницата Клејтон со површина од 7.250 квадратни метри не е „до природата“ тој е дел од неа; неговата форма, структура и фасада се проектирани да се преклопуваат границите помеѓу зградата и пошироката локација. Зградата е поставена како продолжение на прекрасната шума во околината и се фокусира на нејзините квалитети за дефинирање на дизајнот. Покривот и фасадата на зградата на новиот објект ја имитираат крошната на дрвото која ги обединува четирите традиционално одвоени граѓански служби за: уметност (вклучувајќи простори за изведувачки и визуелни уметности), библиотека, рекреација (вклучувајќи фискултурна сала и фитнес-центар) и парк на отворено под истата крошна.

perspektiva_resize

Проектот дава позитивен одговор на универзалниот предизвик за обезбедување вистински граѓански одговор на приградски контекст. Со својата функција тој е наменет да биде катализатор за социјални интеракции, активно живеење, креативност и учење за генерациите што доаѓаат.

Fasada 4_resize

ПЕРФОРМАНСИ НА ЗГРАДАТА

Архитектите исполниле амбициозна цел за одржливост со постигнување сертификација за пасивни куќи, што го прави Клејтон да стане најголемиот објект во Канада досега и првиот центар за заедницата на пасивна куќа од ваков тип во Северна Америка. „Процесот на проектирање е сосема различен за пасивната куќа“, вели Мелиса Хигс, архитект во архитектонското биро Нcma и главен арихитект на проектот. „Треба навистина да разберете како клиентот ќе ја користи зградата, фреквенцијата на посетители, видот на опремата што ќе се инсталира. Сето ова мора да се земе предвид во многу раните фази на проектирање“.

Fasada 3_resize

Архитектите и инженерите се стремат да ја максимизираат енергетската ефикасност, како и заштитата на природните екосистеми. Уникатната компактна форма на објектот ги користи и програмските аспекти на зградата и целите на пасивната куќа со минимизирање на површината на подот, ѕидовите и покривот во однос на обемот на просторот што треба да се загрее и лади.

Fasada detal_resize

Затоплувањето на објектот во зимски услови е клучно. Но, не е така со центарот на заедницата, „За цела година, можеби два дена требаше да ја загрееме зградата“, вели Хигс, објаснувајќи дека тоа е така поради енергетските добивки од луѓето, опремата и осветлувањето.

Biblioteka_resize

Од друга страна, одржувањето на пријатна летна температура во зграда било голем предизвик. Огромните отвори на покривот и оптимизираната природна вентилација се дел од одговорот, но објект толку голем и со многу различни компоненти на крајот изискувал неколку различни решенија. Тие вклучуваат вентилатор за обновување топлина, сертифициран со Passive House стандард, панели за греење и ладење со зрачење на таванот, како и фокус на природна светлина и нискоенергетски тела за осветлување.

Enterier 1_resize

Поставувањето на програмата за греење и ладење, исто така било неопходно да се приспособи на различни начини. На пример, спортски сали и објекти за вежбање поставени се на северниот ѕид, каде што вишокот топлинско оптоварување што тие го создаваат најдобро ќе се избалансира. Кога температурите се искачија над 40 степени за време на топлински бран минатото лето, со помош на природната вентилација, објектот имаше пријатна внатрешна темература.

Enterier detal 2_resize

Enterier 2_resize

Enterier detal_resize

Sala_resize

Испрати коментар

Scroll To Top