Во Херфел, Норвешка, фирмата Reiulf Ramstad Architect Crafts со седиште во Осло, создаваат кластер од три интегрирани кабини, кои може да функционираат и како посебни единици.
Секоја одвоена структура има јасно дефиниран геометриски волумен, артикулиран во надворешниот дворен простор кој ги соединува единиците. Со локацијата на североисток граничи еден стрмен рид, создавајќи просторна интеракција меѓу природниот и изградениот пејзаж, што резултира со корисна микроклима.