За човекот познат по своите модернистички визии, ентериерот на куќата на главниот дизајнер на Apple, Jonathan Ive, изненадувачки е мошне класичен.
Во прашање е куќа во Сан Франциско вредна 17 милиони долари, со големи прозорци кои пропуштаат многу светлина, бели ѕидови и многу други класични елементи. Историската резиденција со четири соби е дизајнирана од страна на локалниот архитект Willis Polk.
Погледот во ентериерот открива украсни елементи од малтер на таваните, подови од темно дрво и тапети со цветни принтови. Иако Ive реновирал некои од старомодните елементи, тешко е да се поверува дека кралот на модерниот дизајн на Apple во приватноста преферира апсолутна спротивност.