Градењето резиденцијални комплекси во изминатите децении стана тренд во пораст и на нашиве простори. Како што расте урбанизацијата, така расте и потребата за иновативни решенија за домување кои ќе одговорат на начинот на живот на населението.
Резиденцијалните комплекси, кои можат да се состојат од различни видови простори за домување, како станови, апартмани или куќи, се дизајнирани за максимално искористување на просторот, а воедно и за поттикнување на живеењето во една поширока заедница.
Земени во целост, резиденцијалните комплекси се одраз на комплексноста на модерното живеење, кое бара функционалност, безбедност и одржливост.
Резиденцијалниот комплекс „Ќендреса хоум“
„Винербергер“ е компанија којашто има соработка со многу инвеститори на овие простори. Сепак, одвреме-навреме се појавуваат архитектонски проекти кои нè воодушевуваат во секоја смисла и за кои сакаме да зборуваме.
Еден од таквите проекти, кој сакаме да ви го претставиме тука, е резиденцијалниот комплекс „Ќендреса хоум“ во Косово. Инвеститор на комплексот е градежната компанија „Бау холдинг“, а дизајнот го потпишува архитектонското студио „Мејден груп“, кое проектот го доби победувајќи на распишаниот конкурс.
„Ќендреса хоум“ е населба на површина од 15 хектари (или, поточно, 150.053 m2), со модерна инфраструктура, која се наоѓа во јужниот дел на Приштина. Населбата е од затворен тип, со надгледуван влез и излез и е поделена на два дела кои се поврзани со улици со две ленти, тротоари од двете страни и зелени паркинзи.
Централните патишта се долги 1.480 метри, а по целиот тек имаат и велосипедска патека. Улиците и паркинзите се 19,47% од населбата, додека зеленилото зафаќа дури 33,8% од целокупната површина.
Унифициран дизајн и максимална функционалност
Комплексот „Ќендреса хоум“ е со унифициран дизајн, при што е користена бела боја за фасадите и природни материјали како што се тулите и ќерамидите, со цел населбата да се вклопи во изгледот на традиционалната архитектура. Но, и да се одговори на современата потреба за одговорност кон природата преку одржливо градење со материјали кои можат одново да се употребуваат.
Куќите имаат прозорци кои гледаат кон природата и изобилство на дневна светлина, а при дизајнирањето на целиот комплекс особено внимание е посветено на движењето на сонцето, ветровите и сообраќајната врева, со цел на идните жители на населбата да им се овозможи пријатен простор за живеење и внатре и надвор.
Патиштата за возилата се осмислени на тој начин што жителите имаат пристап до секоја од куќите, до маалскиот простор и до сите заеднички простори. Затоа што оваа населба, покрај куќите, има и административни згради, градинки, спортски центри и заеднички центри за рекреација. Впрочем, идејата од почетокот била да се постигне функционалност која од „Ќендреса хоум“ ќе направи град во градот, кој сам по себе на жителите им нуди сè што им е потребно од еден град.
Покриви од Тондах-ќерамиди
Во резиденцијалниот комплекс „Ќендреса хоум“ има 230 куќи, при што секоја куќа е дизајнирана поединечно со свои сопствени детали кои ја прават уникатна во целата населба. Куќите имаат доволно растојание една од друга и оградени дворови, со што е обезбедена приватноста на нивните жители и тишината неопходна за удобен живот.
За изградба на покривите на сите куќи во овој комплекс, кој е извонреден пример за организација и врвни достигнувања во архитектурата и градежништвото, се користени ќерамидите Contiton 12 на Тондах, како и фасадните тули Eco Dorado. Природните ќерамиди одлично се вклопуваат во идејата за одржлива населба која им нуди максимално пријатно и здраво домување на своите жители, а нивната црвена енгобирана боја како контраст на зеленилото со кое е опкружена секоја од куќите, го прави целиот резиденцијален комплекс естетски впечатлив.
„Ќендреса хоум“ е населба која почна да се гради во 2020 година и беше завршена за само две години. Рекламирана под слоганот „За навек“, оваа населба им нуди на своите жители квалитетно современо домување, онака како што и покривите на нивните куќи им нудат здрава средина за живеење, безбедност и сигурност и за идните генерации.
*Комерцијаллен текст