Насловна / Архитектура / Ќе се затвори школата на Френк Лојд Рајт во Taliesin

Ќе се затвори школата на Френк Лојд Рајт во Taliesin

После 88 години работа, Архитектонскиот факултет во Taliesin (SoAT), САД, ќе ги затвори вратите кога ќе заврши пролетниот семестар. Управниот одбор на организацијата во изјавата рече дека не можел да се усогласи со Фондацијата Френк Лојд Рајт за планот за развој на алтернативни образовни програми во наредните година ипол дена  и ќе биде принуден, преостанатите 30 студенти да ги префрли на блискиот Herberger Institute for Design and the Arts на Универзитетот Arizona State University.

„Ова е тажен и тмурен ден за нашето училиште, нашите студенти, персоналот и архитектонската заедница “, изјави Dan Schweiker, претседател на одборот. „Нашата иновативна школа и нејзината мисија беа составен дел на визијата на Френк Лојд Рајт за поврзување на архитектурата со нашиот природен свет. Наследството на Рајт не беше само градење. Тоа беше училиште кое ги промовираше лекциите за идните генерации … Ние направивме сé што беше во наша моќ за да се избориме за неговиот опстанок, но заради другите сили тоа не се случи “.

1_resize

По 30. јуни 2020. во студиото на Taliesin Westu веќе нема да има студенти

Училиштето е основана во 1932 година, Taliesin беше дом на над 1.200 архитекти кои живееле и работеле заедно со Рајт и неговите современици, унапредувајќи ја практиката на „органска архитектура“.Пред да се донесе одлука за затворање, раководството и Фондацијата креирале предлози за да се овозможи институцијата да продолжи со работа на двата кампуса до крајот на јули следната година, период во кој, според Фондацијата, тие осмислувале алтернативна програма која немало потреба да биде акредитирана.

„Фондацијата постигна договор со челниците на Управниот одбор на SoAT со кој би им се овозможило на студентите од втора и трета година да го завршат своето образование на Taliesin и Taliesin West. Ние сме разочарани што договорот не беше одобрен од целиот одбор на SoAT, “, рече Stuart Graff, претседател и извршен директор на Фондацијата.

2_resize

Велигденска вечера пред студиото за цртање во Taliesin West, 1949. (Courtesy Frank Lloyd Wright Foundation Archives, MoMA, Avery Architectural & Fine Arts Library at Columbia University)

Фондацијата Френк Лојд Рајт се темели на Scottsdale и е задолжена за зачувување на Taliesin West и East и обезбедување едукативни програми STEAM инспирирани од принципите на органската архитектура. Тоа е посебен ентитет од SoAT, кој требаше редовно да биде акредитиран од неколку одбори и комисии за да може целосно да функционира. Според изјавата на Фондацијата, одлуката за затворање на почитуваната институција е донесена затоа што училиштето „немаше одржлив деловен модел што ќе му овозможи да ги одржува своите активности како акредитирана програма“.

Сега, кога школата се затвора, Фондацијата соопшти дека ќе го прошири својот образовен програм за студенти и професионалци, К-12, истовремено продолжувајќи да го промовира наследството и визијата на Рајт. „Фондацијата сака да осигура способност дека може да работи со различни партнери“, велат од Фондацијата, „да развие програми за професионално образование за архитекти, експерти за зачувување и експерти за дизајн кои ќе ги одржат кампусите во Taliesin  како витални места за развој на органска архитектура во иднина “.

Испрати коментар

Scroll To Top