Насловна / Вести / Ќе се затвори најголемото гасно поле во Европа?

Ќе се затвори најголемото гасно поле во Европа?

Се очекува холандската влада оваа година, и покрај неизвесностите во снабдувањето со фосилни горива предизвикани од војната во Украина, да го затворинајголемото гасно поле во Европа. Тоа го изјавил директорот во заминување на „Шел Холандија“, а гасното поле се наоѓа во близината на градот Гронинген, на северрот на Холандија.

gasfield1

Ова наоѓалиште на гас се експлоатира уште од 1963 година, но повеќе од 20 години тамошните 200.000 жители се изложени на се појаки потреси поради „вакуумските џепови“ настанати од исцрпувањето на природниот гас, па затоа во последните години лежиштето се експолатира многу малку. Холандија планирала да го затвори ова поле во 2022 година, но го одложи тоа поради геополитичката ситуација. „Шел Холансија и „Ексон Мобајл“ имаат еднаков удел во „НАМ“, компанијата за експлоатација на гас од Грононген од почетокот на шеесетите години на минатиот век.

gasfield2

Конечната одлука на Владата на Холандија за затворање на ова лежиште се очекува во јуни, но се остава резерва дека „се ќе зависи од меѓународната ситуација“. Парламентарната комисија во февруари објавила извештај во кој холандската влада е критикувана што не го затворила порано ова наоѓалиште, и истакнува дека има морална обврска да ја поправи состојбата во Гронинген, каде многу куќи се сериозно оштетени. Од „Шел“ уверуваат дека компанијата ќе ја плати штетата и ќе ја подобри инфраструктурата во таа област.

gasfield3

 

Испрати коментар

Scroll To Top