Насловна / Вести / Ќе се утврдуваат локации во Охрид за подземни контејнери

Ќе се утврдуваат локации во Охрид за подземни контејнери

Предлог одлуката за утврдување локации за поставување подземни контејнери во Охрид, е една од предвидените точки на дневен ред кои ќе се најдат на седницата закажана на 29 февруари, пишува OhridNews.

подземни контејнери

Советниците ќе расправаат и за предлог одлуките за давање согласност на Правилникот за давање дополнителни услуги од страна на територијалната противпожарна единица, за усвојување на измените и дополнувањата на годишната Програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2016 година, за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести, измените и дополнувањата на развојната Програма за уредување на градежно земјиште за 2016 – 2018 година, програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2016 година, како и низа предлог одлуки од урбанистичката сфера, за влокупвање на бесправно изградени објекти.

Испрати коментар

Scroll To Top