Насловна / Вести / Ќе се уриваат нелегалните споменици од „Скопје 2014“?

Ќе се уриваат нелегалните споменици од „Скопје 2014“?

rsz_дусасн
Од следната недела се очекува уривање на нелегалните споменици поставени во центарот на Скопје, меѓу кои и споменикот на Цар Душан. Ревизорскиот извештај за проектот „Скопје 2014“ ќе биде објавен од понеделник, а се очекува евентуално да се потврдат сомневањата на дел од медиумите и јавноста дека споменикот на Цар Душан е незаконски, соопштуваат македонските медиуми.

Досега ниту една институција не соопшти дека е нарачател или поставувач на споменикот на Цар Душан.
Албанските здруженија кои пред еден месец поднесоа тужба за пронаоѓање и санкционирање на авторите на нелегалниот споменик сè уште не добиле одговор од Обвинителството.

Даим Хисени, претставник на албанските здруженија, изјави дека политичките субјекти треба да земат пример од однесувањето на граѓаните и да им стават крај на националистичките манипулации со кои ја убиваат иднината на народот и на нацијата што ја застапуваат.

Испрати коментар

Scroll To Top