Новата Влада на премиерот Зоран Заев има намера да ја урне оградата од ковано железо со која е обиколена владината зграда, пренесоа дел од медиумите кои се повикуваат на извори во новата влада.
Оваа ограда беше поставена во септември 2015 од скопската градежна компанија „Бауер БГ“ и чини 700 илјади евра.
Можно е уривањето на оградата да биде ставено уште на денешниот дневен ред на собраниската седница и на истата ќе се утврди како е изградена и на кој начин ќе се демонтира оградата. Целта е околу владината зграда да се отвори просторот кој ќе биде слободен за движење на граѓаните, а премиерот веќе побарал портите да бидат постојано отворени сè додека не се отстрани оградата.