Насловна / Вести / Ќе се уредува „Урбан парк“ – за бездомниците се бара сместување

Ќе се уредува „Урбан парк“ – за бездомниците се бара сместување

Општина Центар најави решавање на проблемот со депонијата во рамки на дворот на трошната куќа на работ на „Урбан парк“ на улица Јордан Мијалков, спроти Геолошкиот завод.urban-park

Во паркот живеат 50-тина лица, а луѓето од соседството се жалат на постојана бучава. Како што тврдат жителите на овој дел од Скопје паркот е уништен и често пати луѓето се плашат да поминуваат низ паркот.

-Пред да почнеме со расчистување на депонијата ќе се обидам лично да отидам наредната недела и да разговарам со луѓето кои живеат таму, ќе им ги понудиме сите опции и можности  како општина заедно со МТСП и Црвен Крст. Тоа место откако е поставено претставува проблем,  вели градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, во врска со решавањето на проблемот со бездомниците.

Притоа се нагласува дека мора да се направи дислокација на импровизираните куќи и живеалишта затоа што се нелегално поставени.

Најавено е дека за три месеци ќе биде обновена урбаната опрема и зеленилото во “Урбан парк”.

Испрати коментар

Scroll To Top