Насловна / Вести / Ќе се трансформира улицата Мирослав Крлежа според студентски решенија

Ќе се трансформира улицата Мирослав Крлежа според студентски решенија

Општина Центар ги избра трите најдобри проектни решенија за трансформација на улицата Мирослв Крлежа (поранешна Ѓуро Ѓаковиќ).

Проектните решенија се дело на студентите од деветтиот семестар (2018/2019) на Архитектонскиот факултет, кои под менторство на педагошкиот тим и стручните соработници во состав: Проф. Михајло Зиноски, Игор Котларевски, Мр. Кире Секулоски и Проф. Томе Димитриевски имаа за задача да предложат концепт за трансфорација на споменатата улица од станбена во пешачко – колска (слепа) улица.

Сите проектни решенија, во периодот од 22 до 29 март, беа изложени во Кино Култура, а жителите на општината и сите заинтересирани граѓани имаа можност да ги погледнат и да дадат свое мислење и сугестии. Решенијата по избор на граѓаните беа доставени до стручна комисија од Општина Центар и Архитектонскиот Факултет која ги избра најдобрите три.

Miroslav Krleza1

Најдобрите решенија се дело на студентите Моника Димовска, Ана Ивановска, Вероника Османли, Ана Стојчева и Марија Трајковска, а решението кое ќе се имплементира ќе биде комбинација на елементи од избраните проекти. За својот труд, студентите ќе добијат и парична награда, а наградниот фонд изнесува 30.000 денари.

Избраните трудови даваат предност на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај во однос на коловозниот и паркирањето. Предложена е соодвета урбана опрема, материјализација, осветлување, високо и ниско зеленило како  и анализи на користење на просторот. Дадени се насоки за решавање на атмосферските води на улицата и нејзино вклопување со остантите улици со кои граничи или се вкрстува. Кај сите проектите доминира амбиентот на безбедна пешачка зона ослободена од агресијата на возилата и дивите паркинг места.

За потестување, при најавата на проектот, Градоначалникот на Општина Центар, Саша Боддановиќ и Деканот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Проф. Др. Огнен Марина потпишаа Меморандум за соработка со што ја официјализираа соработката меѓу двете институции.

Проектот, како што изјави градоначалникот, имаше за цел да им даде можност на студентите, идни архитекти, од модерна перспектива, да го вратат сјајот на старата скопска улица која во минатото била транзитна за трговците од соседството.

Испрати коментар

Scroll To Top