Свлечиштето на регионалниот патен правец до рудникот „Саса” ќе се санира со заедничка соработка на Јавното претпријатие за државни патишта, Општината Македонска Каменица и руската компанија „Солвеј”, корисник на концесијата за експлоатација на рудата.
Ова синоќа го изјавија градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски и директорот на ЈП за државни патишта на Македонија, Владимир Мисајловски, по вчерашната обиколка на дел од регионалната и локалната патна мрежа во општината.
На работната средба покрај санацијата на свлечиштето се разгледани и неколку проекти од областа на патната и комуналната инфраструктура за кои општината Македонска Каменица, аплицирала за средства по програмата за 2015 година.