Старите автентични куќи во Вевчани ќе се ревитализираат и заштитат. Објектите кои го отсликуваат минатото на овој крај познат по богатата и долга традиција ќе бидат во функција на туризмот.
Старите градби оставени на забот на времето претставуваат огромен интерес кај многубројните посетители.
Заштитени со закон куќите ќе добијат својство на споменично заштитено богатство.
Во Вевчани во тек е реконструкција и израдба на нови улици,според градоначалникот Угриноски дел од нив се прават со камени плочи за да ја задржат автентичноста.
Општината работи и на изработка на проект за изградба на модерен плоштад кој треба да биде на три нивоа и да го реши проблемот со паркингот, обиколница како и продолжување на кејот до изворите.