Француските велосипедисти наскоро ќе мора да ги регистрираат своите велосипеди, бидејќи француски власти сакаат да ја зголемат нивната употреба и да намалат кражби.
Тој предлог ќе биде презентиран од страна на француската Влада до крајот на годината, а се очекува да стапи во сила во 2020 година.
Секој кој ќе одлучи да купи велосипед, исто така, треба да добие субвенции слични на оние што им се дадени на вработените за користење на јавниот превоз.
Според статистичките податоци, помалку од два отсто Французи користеле велосипед како средство за транспорт до работа. Повеќето од нив, повеќе од 70 проценти користат автомобил, 13 проценти јавен превоз, додека 4,5 проценти се пешаци.
Се проценува дека во Франција има 21 милион велосипеди и речиси 1.100 се крадат секој ден.