Цементарница „Усје“ денеска ќе ја пушти во употреба новата пречистителната станица за атмосферски води, за чија работа се инвестирани половина милион евра.
Владимир Пешевски, вицепремиерот за економски прашања и Абдилаќим Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање ќе присуствуваат на денешното отворање на станицата.
Цементарница „Усје“ целосно ги исполнува обврските од Оперативниот план за усогласување на А интегрираната еколошка дозвола.