Општина Гази Баба издвои 600 000 денари за поставување филтри за прочистување вода во ООУ „Дане Крапчев“, ООУ „Крум Тошев“, ООУ „25 Мај“ и објектите на градинките „Сонце“, „Темјанушка“ и „Пони“.
Градоначалникот Борис Георгиевски го посети ООУ „Дане Крапчев“ каде е во тек поставувањето филтри за прочистување вода и при тоа ја истакна важноста на чистата вода за пиење за здравјето, растот и развојот на децата.
„Здравјето на дечињата ни е најважно. Одлучивме овие филтри да ги поставиме пред сè заради безбедноста на учениците. Општината Гази Баба во рамки на своите можности и во следната година ќе го продолжи овој проект“, изјави градоначалникот Георгиевски.
(Макфакс)