Насловна / Вести / Ќе се плаќа скап паркинг на Водно

Ќе се плаќа скап паркинг на Водно

Се укинува забраната за движење на автомобили на Средно Водно за викенди и празници и се воведува скап паркинг, од 100 денари за првиот, и по 50 денари за секој останат час. Како што најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, наплатата ќе профункционира до крајот на месецов.водно

Наплатата на паркингот на Водно се предвидува со Одлуката за дополнување на Ценовникот на „Градски паркинг“ со А0 зона, која вчера се најде пред градските советници на предлог на Шилегов. Досега ЈП „Градски паркинг“ немаше А0 зона, а во А зоните беше дозволено паркирање од најмногу два часа. Вакво зонско паркирање ќе се воведе на Кале и Средно Водно.

Паркингот на Средно Водно ќе се наплаќа од 9 до16 часот за време на викенди и државни празници, а ќе остане во сила одлуката за бесплатни автобуси до Средно Водно кои беа воведени со забраната за движење на автомобили, пред пет месеци. Укинувањето на забраната, доаѓа по протестот на сопственици на угостителски објекти на Средно Водно, кои се жалеа на драстично намалениот промет во нивните локали.

Испрати коментар

Scroll To Top