Некои од најубавите дела на легендарниот француски моден дизајнер Ив Сен Лоран, следната година ќе добијат нов дом, и тоа на два различни континенти – во Европа и Африка, поточно во Париз и во Маракеш. Во прашање се музеи кои ќе се обидат да го прикажат во вистинско светло целокупниот опус на големиот дизајнер, па се планира експонатите да варираат од скици, цртежи, фотографии, па се до конечниот производ – фустан.
Музејот во Париз ќе се наоѓа во преуреден простор, односно во овој простор во моментов се наоѓа Фондацијата Pierre Bergé – Yves Saint Laurent.
После детално реновирање на просторот во кој музејот ќе добие уште поголем изложбен простор, посетителите ќе имаат шанса да се „изгубат“ во творечкиот свет на Ив Сен Лоран подлабоко од кога било.
Од друга страна, Маракеш во кој ќе се отвори вториот музеј, е град кој имал посебно значење во животот и творештвото на Ив Сен Лоран, и вистински го инспирирал.
Музејот на Ив Сен Лоран во Париз ќе се наоѓа на 5 Avenue Marceau, додека музејот во Маракеш ќе биде сместен на улица Yves Saint Laurent, како што и доликува на една ваква институција.
Отворањето на двата музеи, во Париз и во Маракеш, ќе се одржи на ист датум, кој се уште не е познат.