Oвластен градежен инспектор на општина Центар донесе решение за отстранување на градба – челична конструкција на правното лице „Гастротека Сиеста“ за локал на улица „Македонија“, зад Лотарија на Македонија.
Сопственикот на локалот не поседува одобрение за градење на челичната конструкција и бидејќи го нема испочитувано решението за отстранување на градбата, општина Центар ќе пристапи кон отстранување на нелегалниот дел од објектот.
Овластениот градежен инспектор, исто така, донесе решение за присилно административно отстранување на челична конструкција и дрвена платформа на локал на правното лице „Најдески 2016“ Скопје, кое се наоѓа на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Како за претходниот случај, инвеститорот нема одобрение за градење и не го испочитувал рокот за сам да ја отстрани градбата.