Насловна / Вести / Ќе се најде ли конечно алтернатива за „Јужен поток“?

Ќе се најде ли конечно алтернатива за „Јужен поток“?

Juzen tek
Европската комисија, која по откажувањето на „Јужен тек“ беше принудена по итна постапка да бара нови варијанти за снабдување со гас за Југоисточна Европа, ги претстави своите први предлози. Брисел предлага да ги обезбеди Грција, Бугарија и Србија со азербејџански гас, а Унгарија и Словенија со течен природен гас од идниот терминал во Хрватска. Ова создава реална алтернатива на рускиот гас, но не и целосна замена за него. Напротив, новиот гасовод ќе може да го користи и „Гаспром“ при реализацијана гасоводот „Турски тек“.

TAP
Европската комисија (ЕК) одбра четири приоритетни гасоводни проекти на Балканот кои треба да го зголемат протокот на гас меѓу земјите во регионот и да ја намалат нивната зависност од сегашниот единствен испорачател – „Гаспром“. Ова е резултатот од вториот состанок на групата за зголемување на гасната поврзаност на земјите од Централна и Југоисточна Европа (CESEC) –односно поранешните земји-учесници во проектот „Јужен тек“ на кои по покана од ЕК им се придружија претставници на Украина, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, како и Македонија. ЕК предлага за балканските земји два нови извора на испорака – азербејџански гас по гасоводот TAP (изградбата веќе започна), како и течен природен гас од предвидениот ТПГ-терминал во Хрватска.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top