Мерна станица за квалитет на амбиентен воздух е поставена во паркот Македонија, веднаш до Домот на Култура во Општина Кисела Вода. Преку заедничка соработка на Општина Кисела Вода и Градот Скопје, жителите на овој дел од градот, за прв пат добија инструмент со кој се мери состојбата на воздухот.
Се мери концентрација на PM10, NO2, SO2, CO како и температура, влажност на воздух и брзина на ветар и истите се ажурираат на секои пет минути. Аирпоинтерот поседува и дисплеј што овозможува резултатите од мерењето да бидат видливи во секој момент. Истите резултати се достапни и на официјалната веб страна на Општина Кисела Вода, како и на порталот на Град Скопје.
Се очекува во наредниот период вакви мерни станици ќе се постават околу сите големи загадувачи во Општината.