Скопје и Охрид конечно ќе се поврзат со железничка линија. Веќе е целосно завршен проектот за изгрдба на пруга од Кичево до албанскиот град Лин, кој предвидува и крак до Охрид. Се работи за железничка линија долга 63 километри која според првичните проценки ќе треба да биде готова до 2030 година.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во изјава за Сител вели дека ќе се гради модерна електрифицирана пруга, а инвестицијата е проценета на околу 500 милиони евра. На тој начин, ќе се реализира значаен сегмент од Коридорот VIII, кој предвидува поврзување на Црното со Јадранското Море, а истовремено продолжуваат и активностите за железничкото поврзување на земјава со Бугарија.
Проектот за изградба на пругата до Лин чини близу 10 милиони евра. Проектирањето го изврши француско – шпански конзорциум.