Насловна / Вести / Ќе се гради уште еден Суецки канал

Ќе се гради уште еден Суецки канал

suecki kanal_1

Египет вчера информираше дека планира да ископа нов Суецки канал, паралелен на постоечкиот, објави „Ројтерс”. Планираниот проект е во вредност од милијарди долари и целта му е да ја засили трговијата по најбрз пат за снабдување меѓу Европа и Азија.
Проектот ќе биде спроведен од страна на армијата и претставува голем чекор од страна на новиот претседател Абел Фатах ас Сиси со цел стимулирање на тешката економија. „Ројтерс” потсетува дека Ал Сиси е поранешен генерал на армијата кој ја презеде власта минатата година, по соборувањето на Мохамед Морси.
Актуелниот Суецки канал обезбедува приходи на Египет во вредност од околу 5 милијарди долари годишно, кои се од витално значење за земјата, која преживеа пад во туризмот и странските инвестиции по арапската пролет.

suecki kanal_3
Извор на службата, која управува каналот,соопшти дека новиот канал треба да ги зголеми годишните приходи со 13,5 милијарди евра до 2023 година.
Изградбата на вториот пловен пат е дел од поголем проект за зголемување на пристаништата и објектите за воден транспорт со цел реализација на Египет во клучен трговски премин.
Мохаб Мамиш, директор на ресорната служба, изјави дека вториот Суецки канал ќе биде со должина 74 километри. Неговата изградба ќе чини околу четири милијарди долари и ќе биде завршена во рок од пет години.

DN-ST-84-05062
Претседателот Ас Сиси изјави дека армијата ќе е одговорна за проектот, а во него ќе учествуваат до 20 египетски компании.
Минатата година при соборувањето на Морси од власт имаше раст на насилството на Синајскиот Полуостров, што предизвика загриженост за безбедноста во Суецкиот канал.

Испрати коментар

Scroll To Top