Група архитекти и инжинери од Велика Британија формираа кампања наречена ,,Indiegogo” преку која што сакаат да соберат материјални средства за изградба на реална реплика на замокот од познатата трилогијата ,,Господар на прстените”.
Моментално се разгледуваат две можни локации во северниот дел на Британија, а се планира да се започне со изградба на објектот кон крајот на 2016 година и да биде завршен во 2023 година.
За реализација на проектот потребни се околу 2.89 милијарди долари, а доколку планираните средства не се обезбедат целиот проект се откажува.
Оние кои што се заинтересирни може да донираат материјални средства преку следниот линк: https://www.indiegogo.com/projects/realise-minas-tirith#/story