Насловна / Вести / Ќе се гради првата светска електрана која ќе произведува електрична енергија без јаглерод

Ќе се гради првата светска електрана која ќе произведува електрична енергија без јаглерод

Канадската енергетска компанија General Fusion во рамки на кампусот UK Atomic Energy Authority во Оксфордшир ќе ја изгради првата светска електрана со магнетизирана фузија која ќе произведува електрична енергија без јаглерод.

elektrana

На прикажаните слики, може да се види кружен објект со реактор во кој топлината ќе се создаде слично како начинот на кој Сонцето и ѕвездите создаваат енергија.

Оваа електрана, како и нејзиниот принцип на работа, се разликуваат од традиционалните нуклеарни централи кои користат процес на фисија што генерира многу повеќе радиоактивен отпад отколку фузиони.

elektrana1

Проектот на електраната е потпишан од архитектката Аманда Левете, од бирото AL_A. Бирото посочи дека тоа ќе биде првата нуклеарна централа од ваков вид во светот, а отворањето е закажано за 2025 година, пишува Dezeen.

“Навистина уживавме да работиме со General Fusion и нивниот тим научници, на проектот на фабриката Fusion, и особено сме возбудени што првиот од ваков вид ќе биде изграден во Велика Британија. Ова е вистински доказ за доверба во науката и технологијата, како и во нивната улога во градењето на нашата иднина“, велат од бирото AL_A.

elektrana2

General Fusion користи специјална насочена магнетизирана фузија (MTF), која вклучува инјектирање на водородна плазма во сфера од стопено олово-литиум. Клиповите потоа го компресираат водородот додека неговите атоми не се спојат и формираат хелиум.

Овој процес создава огромна количина на топлина која се пренесува од течниот метал кој ја загрева водата до вриење, потоа се создава пареа која ги тера турбините да произведуваат електрична енергија.

Бидејќи MTF бара само водород како гориво, а главниот отпаден производ е хелиумот, оваа фабрика е вистински пример за производство на електрична енергија без емисија на јаглерод.

elektrana3

Доколку ова решение се покаже како одржливо, овој принцип на работа може да одигра клучна улога во декарбонизацијата на британската електрична мрежа, која се уште се потпира во голема мера на согорување на фосилни горива.

Друга предност за користење нуклеарна фузија за производство на електрична енергија е тоа што овој процес генерира многу малку радиоактивен отпад во споредба со традиционалните нуклеарни централи базирани на фисија.

Владата на Обединетото Кралство инвестираше во технологија за фузија во последната деценија со надеж дека ќе може да игра улога во постигнувањето на net-zero во Обединетото Кралство до 2050 година.

Испрати коментар

Scroll To Top