Насловна / Вести / Ќе се гради подморска интерконекција низ Јадранско море

Ќе се гради подморска интерконекција низ Јадранско море

Нов стратешки проект за обновиви извори на енергија планиран е низ Јадранското море. Инвестициската спогодба за подморски енергетски кабел е потпишан од страна на Албанија, Обединетите Арапски Емирати и Италија. Планирано е подморската врска помеѓу Албанија и Италија да биде изградена најдоцна за три години, а вредноста на проектот надминува една милијарда евра.

Џорџа Мелони, премиерката на Италија, изјавила дека силно верува во овој проект кој вклучува три влади, како и приватниот сектор и операторите на мрежите. Со овој проект ќе се овозможи произведената енергија од обновливи извори во Албанија во еден дел да се извезува во Италија. Трасата на оваа нова инфраструктурна врска ќе биде помеѓу пристаништето Валона и Апулија во јужна Италија, односно помеѓу најблиските точки на двете земји.

Испрати коментар

Scroll To Top