Скопската Зоолошка градина ќе гради ново живеалиште за мајмуни и распиша оглас со кој се бара изведувач, пишува Денес. Според Дане Kузмановски, портпарол во градината, живеалиштето ќе се наоѓа до живеалиштата на мечките.
– Во новото живеалиштето сакаме да ги распоредиме мајмуните што се наоѓаат во касетите, односно малите живеалишта и на тој начин да им ги подобриме условите за живеење – вели тој.
Изградбата треба да почне во втората половина на ноември, а рокот за изведба е три месеци. Kузмановски најави дека имаат намера да изградат уште едно живеалиште за мајмуни, спроти живеалиштето за кое сега е распишан огласот.