Насловна / Вести / Ќе се гради нов пат Охрид – Битола!

Ќе се гради нов пат Охрид – Битола!

28-40-

Собранието, во рамки на 11.седница го донесе Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта.
Заменик министерот за финансии Ардијан Џеладини истакна дека Предлог-законот е во насока на создавање на квалитетна инфраструктура за подобрување на економските перспективи на земјата и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Владата во соработка со ЈП „Државни патишта“ за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта обезбеди заем од Светската банка во износ од 52 милиони евра преку чија реализација ќе се подобри поврзаноста на избрани магистрални и регионални патишта со коридорите 8 и 10 и подобрување на безбедноста на патиштата ширум државата.

avtopat_9
Џеладини информираше дека првиот дел од проектот е наменет за градежни работи и притоа ќе се реконструираат 112 километри магистрални и регионални делници кои ги предложи јавното претпријатие за државни патишта.
Во првата година ќе се рехабилитираат три патишта и тоа Битола-Макази, Ресен-Буково и Бошков Мост – Дебар. Од втората до петата година од проектот ќе се реконструираат патишта во договор со Светската банка по предлог на ЈП „Државни патишта“. Вториот дел се однесува на институционално управување и зајакнување на проектот. Заемот е со рок на исплата од 23 години со грејс период од шест години.

Еден коментар

  1. Sto ubavo ni pravat ovie nasive golemi “narodnjaci”. Trosi gi parite od budjet za spomenici i dalaveri,pa ZIMAJ ZAEMI KADE STIGNES ZA PATISTA I SE DRUGO.Nekoj “drug narod” utre ke gi vraka tie dolgovi ,dolgovi..

Испрати коментар

Scroll To Top