Насловна / Вести / Ќе се гради нов парк зад објектот на Македонска филхармонија

Ќе се гради нов парк зад објектот на Македонска филхармонија

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави уредување и изградба на нов парк на просторот зад објектот на Македонска филхармонија, кој со години е неуреден.

“Овој простор со години се користи како нелегален див паркинг. Бидејќи станува збор за неасфалтирана површина, на ова место паркираните возила разнесуваат прашина која дополнително го загадува воздухот и кал во дождливите денови која по напуштањето на паркингот се разнесува по улиците. Притоа подземниот паркинг под МОБ и Филхармонијата иако има огромен капацитет стои неискористен“, вели Шилегов.

Silegov

Тој, додава дека на ова место ќе биде изграден парк со површина од 14 илјади квадратни метри што го прави овој парк поголем и од Паркот на жената борец. Од овие 14 илјади квадратни метри за зеленило се предвидени околу 8 илјади квадратни метри во рамките на кои покрај постојните 23 дрвја ќе бидат засадени уште 60-тина нови садници.

“Овој простор е единствениот слободен простор во рамките на ДУП-от Мал ринг  што остана незафатен од мегаломанските градби на проектот „Скопје 2014“. Ова го правиме и ќе продолжиме да го правиме затоа што на Скопје му недостигаат  паркови и зелени површини, а не згради и споменици кои во изминатиот период беа градени и повеќе отколку што е потребно“,  нагласува Шилегов.

Испрати коментар

Scroll To Top