Компанијата „Игл хилс“ на Мохамед Алабара планира во близина на египетскиот главен град Каиро да изгради целосно нов град, а проектот вреди 80 милијарди долари. Изградбата на градот треба да трае 12 години, а како што пренесе агенцијата Блумберг предвидени се аеродром, хотели, болници, училишта и голем шопинг центар. Компанијата во српската јавност е позната по проектот Белград на вода, една од двете фирми кои се во најсериозни преговори со египетските власти, а сајтот Арабиан бизнис тврди дека таа ќе ја добие работата.