Насловна / Архитектура / Ќе се гради нов ексклузивен ресорт во Дубаи

Ќе се гради нов ексклузивен ресорт во Дубаи

На површина од вкупно 13.000 метри квадратни, архитектонското биро ZAS Group во соработка со Kieferle & Parner изработија проект за нов ексклузивен ресорт во Дубаи кој содржи две кули од 47 ката. Во одмаралиштето се сместени вкупно 450 хотелски соби, базен, кровни тераси и како најспецифична програма се издвојуваат плажата и дождовната шума, кои се дел од целиот комплекс поставен на сред пустински простор.

слика-1

слика-2

слика-3

Се очекува во наредните неколку години ресортот да стане главна туристичка атракција во Дубаи покрај патот Sheikh. Во контекст на самиот дизајн, проектантската компанија изјавила дека архитектурата на самиот објект треба да ја репрезентатира денешницата, односно да претставува спој помеѓу современиот и паметниот дизајн. Според фирмата за недвижнини Emporis, овој објект претставува еден од шестте најдобри објекти во создавање на силуетата на градот.

слика-5

слика-6

 

Испрати коментар

Scroll To Top