Насловна / Вести / Ќе се гради најмоќната хидроцентрала во БиХ

Ќе се гради најмоќната хидроцентрала во БиХ

Hidrocentrala buk bijela BiH

Во Требиње, Босна и Херцеговина, потпишан е договор за доделување на 50 годишна концесија за изградба и користење на хидроцентралата „Бук Бијела“ со инсталирана моќност од 93,52 MW. Кога ќе биде изградена, таа ќе биде најмоќната босанска хидроцентрала со годишно производство од 332 GWh електрична енергија.

Вредноста на работите на хидроцентралата изнесува 195,5 милиони евра. Централата се наоѓа во горниот тек на Дрина. Владата на Република Српска претходно донесе решение за доделување на концесија за изградба и користење на ХЕ „Бук Бијела“, на компаниите „Електропривреда Републике Српске“ (ЕРС) и „Хидроелектране на Дрини“ од Вишеград. Притоа уделот на ЕРС во проектот е 20%, а другата компанија 80%. Реализацијата на ХЕ „Бук Бијела“ е повеќе пати одложувана поради загриженоста на еколошките активисти од БиХ и Црна Гора дека електраната ќе го уништи кањонот на реката Тара.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top