Насловна / Вести / Ќе се гради најголемата европска фабрика за водород, со „зелена“ технологија

Ќе се гради најголемата европска фабрика за водород, со „зелена“ технологија

Неодамна, во Холандија претставен е план за изградба на нова фабрика за производство на „зелен“ водород. Се работи за партнерски проект на холандската хемиска индустрија  Akzo Nobel  и операторот на гасниот транспортен систем  Gasunie, кој според производните капацитети ќе биде најголема фабрика од овој вид во Европа. Би требало да се наоѓа на северот од Холандија, а водородот ќе се произведува со електролиза на водата, при што моќноста на електролизаторот ќе изнесува 20 MW.

infographic_-_lifa_1201x628_-_akzonobel_and_gasunie_jointly_scaling_up_0

Електричната енергија за погон на електролизаторот би требало главно да биде произведена во соларните електрични централи и ветерните паркови, додека годишното производство на „зелен“ водород се проценува на околу 3000 t. Така произведениот водород ќе биде користен во фабриките на   Akzo Nobel  или ќе се продава на транспортните компании каде ќе служи за погон на возилата на водород. Инаку, индустриските постројки во Холандија трошат дури  800 000 t  водород годишно, кој се произведува од природен гас. Во согласност со тоа, се очекува дека со производството на „зелениот“ водород, емисиите на јаглерод диоксид би се намалиле за 7 милиони тони годишно. Истовремено,  Akzo Nobel  која денес се смета за една од енергетски најинтензивните компании во Европа, а од онбовливи извори покрива 40% од потребите за енергија, има за цел до 2050 година да стане CO2 неутрална компанија.

General view of the production line at AkzoNobel's new paint factory in Ashington, Britain

 

Испрати коментар

Scroll To Top