Градежните зафати на пешачката патека која води до Горица во Охрид ќе продолжат по завршувањето на летната туристичка сезона.
Досега се изградени 210 метри, а од наесен е предвидено да се доизградат уште 420 метри, информира градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пишува OhridNews.
Две третини од средствата се обезбедени од општинскиот буџет, а останатиот дел преку гранд од ИПА програмата, односно проектот за прекугранична соработка .
Наредната година ќе се доизгради и останатиот дел од патеката чија вкупна должина ќе изнесува 1200 метри.