Четири мали хидроцентрали ќе се градат на изворите на реката Брегалница во туристичката населба Равна река, информира штипска телевизија „Ирис“.
Приватна фирма четвртата концесија ја доби пред неколку дена. Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, вели дека изградбата на малите хидроцентрали почнува за околу еден месец.
Поповски очекува овие мали хидроцентрали да бидат изградени во наредните три до четири години, а електрификацијата на населбата Равна река да се случи во текот на оваа година, со што ќе се создадат подобри услови за развој на туризмот.
Годинава продадени се 20 парцели за викенд куќи од кои една и за изградба на хотел. Поповски истакна дека кон крајот на мај очекува да се распише и тендерот за изградба на канализација во оваа туристичка населба.