Пред пет години, работата на амбициозниот проект на Jeddah Tower во Саудиска Арабија беше мистериозно прекината…
Сметана за највисока зграда во светот, со над 1.000 метри височина, локацијата на овој развоен проект остана речиси целосно напуштена од 2017 година. Сепак, Jeddah Economic Company (JEC), конечно најави продолжување на работата на овој мегапроект, при што започна процесот на прифаќање на понуди од градежни компании. Вкупно 14 локални и меѓународни фирми беа поканети да ги достават своите понуди за овој договор, додека рокот е одреден до крајот на оваа година.
JEC иницирале непристрасна проценка на постојната состојба на облакодерот Jeddah Tower пред да биде тендериран. Првично наречен Kingdowm Tower, овој мегапроект беше најавен од саудискиот принц Алвалид бин Талал во 2008 година. Изградбата започна во 2010 година со локалната саудиска BInladin Group како главен изведувач, додека американската фирма Adrian Smith & Gordon Gill била одговорна за архитектурата.
Постојните работи на кулата ги изведе германската компанија Bauer. До 2017 година, околу една третина од работата на облакодерот беше завршена, пред изградбата мистериозно и ненадејно да запре. Изградени се само 63 од планираните 252 ката. И додека SBG повеќе не е дел од овој проект, консултантските тимови останаа непроменети.
Кога конечно ќе биде завршена, Jeddah Tower ќе стане највисоката зграда во светот, правејќи ја Бурџ Калифа во Дубаи џуџе, од неа ќе биде повисока за 172 метри.
Во 2008 година, кога беше најавен овој проект, беше проценето дека изградбата на кулата ќе чини 1,3 милијарди долари, што ја направи нешто „поевтина“ во споредба со Бурџ Калифа, чија изградба чинеше 1,5 милијарди долари. Со цел да стане центар на развојот на економскиот град Џеда, оваа кула ќе ја содржи и највисоката опсерваторија во светот, заедно со бројни други погодности, вклучувајќи трговски центри, луксузни бутици, гурмански ресторани, тениски терени и многу повеќе.