Насловна / Вести / Ќе поскапува цената на струјата

Ќе поскапува цената на струјата

Струјата ќе поскапе, но се уште не се знае кога и колку, бидејќи се чека одлуката на Регулаторната комисија.

Ако се земе предвид најавата на Регулаторната комисија од минатиот месец, за поскапување од пет отсто, тоа би значело дека ако досега сте плаќале сметка од 2500 денари со поскапувањето би плаќале 2625 денари.

И додека се уште не е јасна точната сума на поскапување владата планира да го амортизира ударот врз џебот на граѓаните со намалувањето на ДДВ на сметките за струја од 18 на пет отсто. Тоа го најави деновиве заменик министерот за финансии.

Во меѓувреме, додека се чека конечната одлука на регулаторот, пресметките со кои се бара зголемување се доставени, а некои компании бараат и до сто отсто покачување.

И премиерот неодамна изјави дека ако државата сака зелена енергија ќе поскапува и цената на струјата.

ст_resize

Испрати коментар

Scroll To Top